Членот на Тиквеш, Игор Арсиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 13. коло од Супер лигата.
Искусниот чувар на мрежата во 13. коло беше меѓу најзаслужните за освоените два бода против незгодниот Пролет.
Арсиќ имаше 52% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше левиот бек на Прилеп, Никола Цветаноски, кој заврши со 41%.
Номинирани за МВП на 13 коло од Супер лигата беа уште Александар Петковски, Гоце Ојлески, Ларс Коиј, Нејц Цехте и Игор Кривокапиќ.