Втора смена по ЕП – Турција се раздели со селекторот Бучески

Турската ракометна федерација објави дека е прекината соработката со селекторот Костика Бучески. По отказот за Урош Брегар, кој ја водеше Србија, ова е втора селекторска „жртва“

Турчинките дебитираа на континенталните собири на ЕП 2024, одиграа добар натпревар против Унгарија, со Македонија одиграа реми, а на крајот на групната фаза доживеаја дебакл од Шведска. Тоа беше доволно за 20 место.

Тоа не беше доволно за новото раководство на турската федерација да биде продолжена соработката со романскиот стратег Бучески, па наскоро ќе почне потрагата по нов предводник.

Бучески беше селектор на Турција од 2022 година и оствари историски успех со пласманот на ЕП.

Турција ќе биде во вториот шешир пред ждрепката за баражот за СП 2025 година, додека веќе е квалификувана на ЕП 2026 година, бидејќи е еден од петте домаќини покрај Романија, Полска, Чешка и Словачка.