Денеска ќе се одиграат преостанатите пет натпревари од 14. коло од суперлигашката конкуренција. Ова коло носи неколку интересни натпревари, кои ќе имаат и директно влијание за изгледот на табелата од 5 до 8 место.
Дербито на колото ќе биде во Автокоманда каде тимот на Кире Лазаров ќе биде домаќин на незгодниот Бутел. Овие две екипи првото сезонско соочување го имаа во септември, а крајниот епилог беше 34:27 за Алкалоид.
Пролет пред својата публика ќе ја пречека Струга и во денешниот натпревар ќе ја бара петтата сезонска победа. Стружани го изненадија Пролет на почетокот на сезоната, триумфираа на домашен терен со 34:29, па така може да очекуваме интересно соочување во спортската сала „Македонско Сонце“.
Охрид е фаворит против Прилеп, но избраниците на Божидар Мојсов ќе се обидат да изненадат и со евентуална победа да останат во игра за пласман во плеј-оф фазата. Ракометарите на Стевче Алушовски во досегашниот тек од сезоната имаат биланс од 10 победи и три порази, додека прилепчани се со биланс од пет победи, две реми и шест порази.
Вардар и Тиквеш се големи фаворити во дуелите со Радовиш, односно Куманово, додека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер вчера со комбиниран состав славеше над Бисинов ФЛ со 44:31.
На денешната програма ќе има три натпревари од 2. коло од главната фаза на Европското првенство 2024.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ПАРТИЗАН – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)
15:30 КУМАНОВО – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
15:30 ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА (ЕП)
16:00 ВАРДАР – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 БУДУЌНОСТ – РУДАР (ЦРНА ГОРА)
17:00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)
17:30 СКОПЈЕ – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА (ЕП)
18:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДРАЧЕВО – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ОХРИД – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРОЛЕТ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ВЕЦЛАР – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ДУБОЧИЦА – РАДНИЧКИ (СРБИЈА)
20:15 ТРЕБЊЕ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)
20:30 ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (ЕП)