Полскиот шампион Висла Плоцк загуби во Битола кај Еурофарм Пелистер со 21-18 и си ги намали шанси за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот Чави Сабате, вели дека македонскиот шампион повеќе ја посакуваше победата и тоа беше клучно.
„Нашиот ривал заслужено славеше. Противничките ракометари повеќе сакаа да победат, тоа го покажаа. Не успевавме да погодиме од чисти ситуации, па дури и со играч повеќе. Направивме многу грешки. Домашните се одлепија на четири-пет гола, а иако стигнавме на „минус два“, немавме сили до крај. Не зависиме самите од себе до крајот. Мора да продолжиме понатаму, има уште четири меча кои ќе бидат тешки. Ние ќе дадеме се од себе за да се пласираме во следната фаза“, изјави Сабате.
Средниот бек Герго Фазекаш се согласи со својот тренер.
„Еурофарм Пелистер повеќе ја сакаше победата. Дојдовме тука за да играме како финале, а како одигравме денес во напад и одбрана, така не се игра во финале, се беше под нивото. Наоѓавме шанси да шутираме и од шест метри, а нивниот голман беше одличен. Во тежок момент сме, ама ветувам дека ќе се вратиме“, изјави Фазекаш.
Сега следува пауза во ЛШ, а во февруари 2025 година, за битолчани ќе останат домашните натпревари со Динамо Букурешт и ПСЖ, како и гостинските со Фуксе Берлин и Спортинг Лисабон.
Еурофарм Пелистер ита кон осминафинале во ЛШ, Висла беше немоќна во Битола
Алонсо со пофалби: Ова ни треба – ваква магична сала и публика
Тајник: Добрата одбрана и Никуч на голот беа клучни за победа над топ екипа како Висла