Тајник: Добрата одбрана и Никуч на голот беа клучни за победа над топ екипа како Висла

Mакедонскиот првак Еурофарм Пелистер славеше со 21-18 во пресметката со полската Висла Плоцк и направи голем чекор напред кон елиминациите во Лигата на шампионите.

Средниот бек Домен Тајник имаше одлична партија и беше меѓу најдобрите во победничкиот тим.

„Мислам дека одлично се подготвивме за овој натпревар. Задачите беа точни, сите ги одработивме, за мене клучна беше нашата одбрана и заедно со Никуч на голот. Знам каква екипа е Висла, една од топ екипите во Европа, и сметам дека направивме голема работа со оваа победа. Знам дека има уште многу грешки што може да ги поправиме пред следниот натпревар. Пред вака полна сала, со одлична атмосфера, која ни даде плус мотив во моментите кога не одеше најдобро. На крајот мислам дека имавме се под контрола, и заслужено победивме. Можеби сега ќе имаме повеќе притисток, шести сме во групата, сега секој следен натпревар ќе биде уште поважен. Се надевам дека ќе играме уште подобро и ќе освоиме уште бодови во ЛШ“, изјави Тајник.

Сега следува пауза во ЛШ, а во февруари 2025 година, за битолчани ќе останат домашните натпревари со Динамо Букурешт и ПСЖ, како и гостинските со Фуксе Берлин и Спортинг Лисабон.

Еурофарм Пелистер ита кон осминафинале во ЛШ, Висла беше немоќна во Битола