Чаир против чешки тим ќе брка историја во Европа

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп.

Тимот на Чаир, кој остана единствен претставник од Македонија, во борба за четвртфинале ќе се соочи со чешкиот тим Славија Прага.

Славија Прага е тимот каде што игра македонската интернационалка Ангела Јанкуловска, а во претходната рунда го мина италијанскиот Салерно со два меча одиграни на гостински терен.

Во првото коло, чешкиот тим беше подобар од словенечкиот тим Млинотест Ајдовшчина, а пред ждрепката беше рангиран во оние тимови „ни добра, ни лоша“ ждрепка, па Чаир може да се надева на прогрес.

Првиот натпревар треба да се игра на 11/12 јануари во Прага, додека реваншот е на 18/19 јануари во Скопје.

Eвропски Куп, осминафинале:

Јонијас – Јуро Унирек
Славија Прага – Чаир
Галичанка – Хаукар
Ацгерсдорф – Порињо
Малага – Валур
Мадеира – Кинжварт
ПАОК – Јувента Михаловце
Гњиезно – Ваљадолид