Селекторот на женската репрезентација на Словачка, Хорхе Дуењас, го објави списокот на повикани ракометарки пред стартот на Европското првенство.
Дуењас смета на 19 ракометарки, кои претходно беа дел и од „Трофеј Карпати“, а меѓудругото славеа и против Македонија.
Само една ракометарка доби дополнителен повик во однос на оние што играа во Романија, а тоа е талентираното лево крило од Слован Дусло Шала, Лаура Брезанска.
Дуењас на списокот има осум интернационалки и 11 ракометарки што настапуваат во домашното првенство.
Словачките репрезентативки го имаа првиот собир во Шаморин, а пред ЕП ќе одиграат две пријателски средби против Унгарија и Украина.
На Европското првенство ќе играат во групата Е во Инсбрук, против домаќинот Австрија, Норвешка и Словенија.