🎥Чудо во ЛШ – од пораз во победа за 15 секунди!

|
18:58

Екипата на Подравка, која е предводена од екс селекторот на Македонија, Ивица Обрван, оствари важна победа во Лигата на шампионите, во натпревар од 8. коло во драматичен финиш славеше над Сторхамар со 25:24.

Хрватскиот шампион иако на две минути пред крајот губеше со два разлика, 24:22, сепак, успеа со три гола во низа да дојде до победа. Биртиќ беше стрелец на двата гола за израмнување 24:24, потоа норвешкиот тим имаше нашад за победа, но домаќинките се одбранија, а во последната секунда, на празен гол, Катарина Панџа им донесе голема радост на домаќините.

Подравка со освоените два бода дојде до осум на свое конто, моментално, се наоѓа на 5. позиција на табелата и си има свои математика за пласман во осминафиналето во европската елита. До крајот од групната фаза има да се одиграат уште шест кола.

Рапид Букурешт, тим во кој настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, доживеа нов пораз. Романскиот тим беше поразен од Ѓер со три гола разлика, 28:25. Ристовска одигра одлично против европскиот гигант и натпреварот го заврши со три три гола од четири обиди.

Лига на шампиони, 8 коло, резултати:
група А
Подравка – Сторхамар 25-24
Мец – Крим 34-40
Никобинг – Глорија Бистрица 32-24
Ференцварош – ЧСМ Букурешт 31-28
група Б
Лудвигсбург – Кристијансанд 33-29
Рапид Букурешт – Ѓер 25-28
Брест Бретањ – Оденсе 36-38
Есбјерг – Будуќност 26-19

Гол шоу на Гулицоска, Чаир зачекори кон европско осминафинале!

Автор: Влатко Мирчески
| 16 ноември 2024
17:31

Ракометарките на Чаир славеа против португалскиот тим Колехио Де Гаиа со 29:25 во рамки од првиот меч од 3. коло од Европскиот Куп.

Чаирчанки на реваншот, кој ќе се одигра утре, на истото место и во истиот термин (Автокоманда, 16:00 часот) ќе имаат убава можност со победа да го заверат пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Во првиот дел двете екипи играа променливо, најпрво гостинската екипа беше таа која што успеа да се одлепи, потоа Чаир од средината на првиот дел, па до последната минута од првото полувремето константно беше во предност, но немаше голема комоција во играта, бидејќи гостинките од Португалија постојано се закануваа.

По предноста на Чаир од 13:11, гостинскиот тим со два гола во низа успеа да се врати во игра израмнувајќи на 13:13. Црногорската интернационалка во редовите на Чаир, голманката Магдалена Којовиќ, бранеше кога беше најпотребно и до 25 минута имаше шест интервенции, речиси сите беа во дуел еден на еден. По 30 минута игра резултатот беше 16:15 за Колехио Де Гаиа.

Избраничките на Басри Љатифи за десет минути игра во вториот дел успеаја да дојдат до поизразена предност, во 40 минута поведоа со 22:17. Ракометарките на Колехио Де Гаиа не се откажуваа и како одминуваше времето, беа многу блиску до враќање. Чаир во последните десет минути влезе со 23:22 и до финишот успеа да ја сочува, но и да ја надгради предноста.

Предводник кај Чаир беше искусната Теодора Гулицоска, која постигна 13 гола, по шест имаа Теодора Дукоска и Стефанија Ѓорѓиевска.

Стојановиќ и Тримо победнички против Копер

Автор: Душко Андов
| 16 ноември 2024
10:40

Тимот на Тримо Требње, каде што тренер е селекторот на младинците на Македонија, Раде Стојановиќ, се врати на победничките патеки во Словенија.

По поразот од Целје минатото коло, Тримо Требње на домашен терен прослави убедлива победа над Копер со 35-20.

Избраниците на Стојановиќ победата ја најавија уште по првиот дел, кога водеа со осум гола разлика, 18-10.

Тримо Требње досега освои 14 бода и се наоѓа на четвртото место на табелата зад Слован Љубљана со 19, Целје со 18 и Горење со 15 бода.

Следен предизвик за Стојановиќ и Тримо ќе биде домашниот натпревар со Иванчна Горица на 22 ноември.

🔴ВО ЖИВО🔴 Шампион – Вардар, Спартак – Ѓорче Петров

Автор: Душко Андов
| 17 ноември 2024
17:15

Петка на Маџовска против екс клубот во Бундес лигата

Автор: Влатко Мирчески
| 16 ноември 2024
22:31

Македонската репрезентативка Симона Маџовска, која настапува за Цвикау, имаше забележителен настап во Бунес лигата.

Цвикау во натпревар од 7-то бундеслигашко коло за ривал го имаше Некарсулмер и успеа да триумфира со четири гола разлика, 28:24.

Маџовска беше една од подобрите на теренот и натпреварот против својот екс клуб го заврши со пет реализации од седум обиди.

За Цвикау ова беше трет сезонски триумф и со новите два бода направи прогрес на табелата, сега се наоѓа на 6. позиција, со шанси за излез на европска сцена.

📷 Раул Алонсо пристигна во Македонија, во среда деби на клупата на пелистерци

Автор: Душко Андов
| 15 ноември 2024
14:32

Шпанскиот стратег Раул Алонсо пристигна во Македонија, и в недела ќе го преземе раководењето со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

На денешната средба со Прилеп, шампионот ќе го води Звонко Шундовски, а новиот стратег ќе дебитира в среда.

Алонсо по ангажманот во Бундес лигата во тимот на Ерланген, доаѓа во Битола и потпиша договор со пелистерци до летото 2026 година.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и данската Фредериција се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.