Некогашниот среден бек на Металург и несуден вардарец, Божо Анѓелиќ, во новата сезона ќе настапува за израелскиот Макаби Тел Авив. Црногорецот во кариерата беше дел од Ловќен, Мотор Запорожје, Ференцварош…
Според „RTHandball“, покрај Алекс Влах, полскиот Келце е заинтересиран во своите редови да го види и средниот бек од Веспрем, Аугустин Касадо. Шпанскиот плејмејкер има договор до 2025 година.
Десниот бек Саво Сљавулица, кој до летото го носеше дресот на грчкиот првак Олимпијакос, во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на ПАОК Солун и ќе им стане соиграч на Виктор Гигов и Дарко Георгиевски.
Исландската легенда Гудјон Валур Сигурдсон ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах до 2027 година. Сигурдсон бележи одлични резултати со германскиот тим и раководство му понуди соработка на уште две сезони.