Амбициозниот тим на Партизан доби големо засилување во своите редови, откако во клубот од Белград пристигна Стеван Вујовиќ, екс ракометар на Вардар и Металург.
Левиот бек со богато интернаицонално искуство и раководството на Партизан се договорија на соработка најмалку до 2026 година.
Пред извесен период, во Партизан пристигна Петар Ѓорѓиќ, па така „црно-белите“ сериозно влегуваат во трката за домашната титула.
Црногорскиот репрезентативец во последните три сезони настапуваше во Романија, беше член на Баја Маре, клуб во кој се задржа најдолго.
Во својата кариера, искусниот лев бек смени повеќе екипи, во Вардар играше во два наврати, од 2007 до 2009, и потоа во сезоната 2011/12, а во Металург настапуваше во 2016 година.
Беше дел и од Црвена Ѕвезда, Вецлар, Селеста, Антекера, Ловќен, Цирих, Балмазујварош, Мотор Запорожје, Ал Рајан…
ТРАНСФЕР БОМБА – Петар Ѓорѓиќ ја замени Војводина со Партизан!