Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 8 коло во Лигата на шампионите.
Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе патува во португалската престолнина Лисабон.
Битолчаните ќе го судат натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и ПСЖ, еден од поинтересните натпревари претстојното коло.
Двобојот меѓу португалскиот и францускиот првак е закажан за 20 ноември во „Жоао Роча“ во Лисабон со почеток во 20:45 часот.