Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Романија.
Рапид Букурешт и Ристовска се изборија за голем бод, откако одиграа реми со Дунареа Браила, 35:35, во натпревар од 10. коло од романскиот шампионат.
Ристовска беше меѓу најзаслужните за ремито на клубот од Букурешт, натпреварот го заврши со пет гола од шест обиди, а имаше најдобар индекс на корисност во двата тима, 6,5.
Тимот на Ристовска, моментално, се наоѓа на 6. позиција на табелата, на свое конто има 19 бода, но до крајот од сезона има уште многу да се игра.
Следен предизвик за Рапид Букурешт ќе биде натпреварот со европскиот гигант Ѓер во 8. коло од Лигата на шампионите.