Македонскиот шампион Ѓорче Петров во пријателски натпревар ја совлада репрезентацијата на Кина со 34-31.
Азиската селекција се наоѓа на подготовки во Македонија за настапот на континенталното првенство кое ќе се одржи во Индија.
Кина диктираше темпо и најчесто имаше водство во првиот дел од натпреварот, со по еден или два разлика, а на пауза водеше со 16-15.
Во второто полувреме избраничките на Симе Симовски, го свртеа резултатот, имаа контрола на теренот, водеа и со пет гола, па рутински доиграа до крајот.
Најдобри поединци во македонскиот првак беа Ивана Дежиќ со 14 погодоци и Ана Марија Коларовска со шест гола.