Денеска со натпреварот меѓу Пелистер и Овче Поле СУ ќе започне групната фаза во Купот на Македонија.
Победникот од овој дуел за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори со Вардар, кој е слободен во првиот меч.
Вардар Неготино на свој терен ќе го пречека Партизан од Гевгелија во натпревар од 8. коло од Првата лига и ќе се обиде да стигне до 4-ти сезонски триумф.
Довчерашниот суперлигаш има половичен учинок, во досегашниот тек од сезоната на шест натпревари оствари три победи.
Клубот од најјужниот град во Македонија има послаб учинк, односно една победа и дури пет порази, па поради тоа неготинци ја имаат улогата на фаворит.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН
20:30 ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ