Екипата на Метковиќ, во која настапува Дејан Гошевски, во натпревар од 9. коло од хрватскиот шампионат беше домаќин на Осијек.
На победа и на нови два бода се радуваа гостите кои триумфираа со 35:24, а победата ја најавија уште по првото полувреме, кое го добија со 19:10.
Еден од подобрите во поразениот табор беше Дејан Гошевски, кој натпреварот го заврши со пет погодоци, а зад своето име имаше и две асистенции.
Метковиќ во следното коло, кое ќе биде по ЕХФ неделата, втората сезонска победа ќе ја бара на гостувањето кај Рудар.