Членот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од Супер лигата.
Блажески повторно имаше забележителна партија во Супер лигата и беше меѓу најзаслужните за победата на неговиот тим во Велес.
Голманот освои околу 49% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Мартин Серафимов со околу 24%.
Номинирани за МВП на 9. коло од Супер лигата беа уште Гал Цирар, Емилијан Ѓорговски, Младен Крсманиќ, Цветан Кузманоски и Томислав Квастек.