Поради големата трагедија што се случи на железничката станица во Нови Сад, Ракометниот Сојуз на Србија ги одложи сите ракометни натпревари што требаше да се играат викендов.
Во трагедијата животот го загубија најмалку 14 лица, меѓу кои и македонски државјанин, во Србија беше прогласен ден на жалот, па одложени се сите спортски и културни манифестации.
Натпреварите од машката лига што беа предвидени за овој викенд, ќе се одиграат по ЕХФ неделата, односно најдоцна до 13 ноември.
Натпреварите од женската лига што требаше да се играат викендов, ќе добијат нови термини, но ќе се одиграат најдоцна до 5 ноември.