Даниел Андоновски си замина од Србија

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски не е повеќе член на српскиот суперлигаш Врање.

Охриѓанецот заедно со раководството на српскиот клуб одлучија спогодбено да ја прекинат соработката и секој да си продолжи по својот пат.

Засега не е познато дали Андоновски ќе се врати дома, или пак, ќе продолжи да гради интернационална кариера.

Левиот бек на интернационално ниво го носеше дресот и на италијанскиот Трт, во кој имаше импресивна статистика, постигна 92 гола на 16 одиграни натпревари во најквалитетното натпреварување во Италија.

На домашна сцена, освен за матичниот Охрид, настапуваше уште за Вардар Јуниор и Прилеп.