Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари пред двете средби од квалификациите за ЕП 2026.
Лазаров за овие два меча во комбинација ќе има 20 ракометари, а меѓу нив нема да бидат досега стандардните Филип Талески и Никола Митревски.
Поради повреди ги нема десните крила Никола и Ненад Костески, па таму ќе покрива единствено Александар Петковски.
На списокот има и осум резерви, меѓу кои се најдоа Никола Митревски, Емилијан Ѓорговски, Гоце Ојлески, Мартин Карапалевски, Давид Савревски, Ален Ќосевски, Самоил Ристевски и Никола Маркоски.
Собирот на ракометарите е в недела на 3 ноември, а првиот меч со Естонија се игра на 6 ноември во Скопје, додека оној против Литванија во Виљнус е закажан за 10 ноември.