Македонскиот вицешампион Вардар денеска во Португалија ќе ја брка втората победа во групната фаза од Лигата на Европа.
Вардарци во натпревар од 4. коло ќе се соочат со Порто, кој минатата недела во Скопје триумфираше против „црвено-црните“ со 26:22.
Португалскиот тим на свое конто има три бода, додека Вардар два, оние кои беа освоени на натпреварот против Валур.
Доколку Вардар триумфира на денешниот натпревар во Португалија, тогаш ќе ги зголеми шансите за пласман во следната фаза во второто по ранг европско натпреварување.
Бенфика, во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, против Татран Прешов ќе атакува на 4-ти триумф во новата сезона.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО, РАСПОРЕД:
18:45 БЕНФИКА – ПРЕШОВ
18:45 СИЛКЕБОРГ – ГРАНОЉЕРС
18:45 ХОБРИ – ИШТАД
18:45 КАДЕТЕН – ЛИМОЖ
18:45 ЛУЦЕРН – ГОРЕЊЕ
18:45 САВЕХОФ – ФХ
18:45 СЕСВЕТЕ – КАРВИНА
18:45 ТАТАБАЊА – ФЛЕНСБУРГ
18:45 ТУЛУЗ – ГУМЕРЗБАХ
20:45 АДЕМАР – ГОГ
20:45 БИДАСОА – КОНСТАНЦА
20:45 КИЛ – НЕКСЕ
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ЗАБЖЕ
20:45 ПОРТО – ВАРДАР
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – ВОЈВОДИНА
20:45 ВАЛУР – МЕЛСУНГЕН