Михајловски со порака за ракометарите – замислете се за вашиот иден статус во Вардар!

Во соопштението на претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, во кое беше потврдена смената на кормилото, тој упати порака и до ракометарите.

Раководството на „црвено-црните“ не е задоволно од игрите што ги прикажуваат дел од ракометарите.

„Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра“, се вели меѓудругото во соопштението на Михајловски.

Вардар до среда треба да добие нов стратег, кој најдоцна ќе почне со работа до 15 ноември, односно по ЕХФ неделата, а дотогаш на клупата ќе биде Стојанче Стоилов.

Недановски заминува од клупата на Вардар, се преговара со тројца тренери, на тапет и некои играчи!