📷 Филип Кузмановски стана татко – бебето доби уникатно име!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, по поразот од Веспрем во Лигата на шампионите, сепак имаше причина за славење.

Тој за првпат стана татко, откако неговата сопруга Моника на свет го донесе машкото бебе кои доби уникатно име.

Синот на Кузмановски го доби името Матијан, а капитенот на Еурофарм Пелистер ја откри убава вест на социјалните мрежи.

Филип и Моника добија многу честитки, а сигурно ќе има честење и мекици во битолскиот клуб.