Натпреварот меѓу Вардар и Порто можеби многумина брзо ќе го заборават, но двајца млади луѓе ќе го паметат засекогаш.
За време на паузата од натпреварот меѓу двете полувремиња, во организација на „Комити“ се случи запросување.
Еден млад навивач на Вардар ја побара раката на својата девојка, која ја прифати неговата понуда.
„Наталија, ќе се омажиш ли за мене?“, пишуваше на транспарентот.
Потврдниот одговор беше поздравен со аплаузи од публиката во СЦ „Јане Сандански“, која беше сведок на еден убав момент.