Димитриоски ефикасен, Ваљадолид се искачи во ТОП 5 во Асобал лигата

Тимот на Ваљадолид каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, забележа нова победа во Асобал лигата.

Ваљадолид, кој е предводен од екс вардаровиот стратег, Давид Писонеро, славеше на незгодното гостување кај Хелветиа Анаитасуна со 27-22.

Димитриоски беше втор стрелец во тимот и успеа да постигне четири погодоци, додека Карапалевски еднаш се запиша во листата на стрелците.

Ваљадолид сега е на петтото место на табелата во Асобал лигата со седум бодови, зад Барселона, Гранољерс, Нава и Торелавега, а следниот викенд гостува кај Куенка.