Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.
За можеби најважниот европски натпревар на Вардар во ЛЕ во кој ќе се соочи со Порто, ЕХФ делегираше арбитри од Полска.
Станува збор за Бартош Лесчински и Марцин и Пиечота, додека делегат на натпреварот ќе биде Гркот Јоанис Меимаридис.
Натпреварот меѓу Вардар и Порто ќе се игра на 22 октомври со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.