Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат петтиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите.
Битолчани гостуваат кај полскиот првак Висла Плоцк, а тренерите Чави Сабате и Бранко Ангеловски ги одредија составите за денешната пресметка.
Ангеловски на овој дуел нема да смета на Костески, кој се рехабилитира од повреда, а надвор од комбинација останаа Печурица, Цикатиќ, Петровиќ и Тајник.
Во составот на Висла Плоцк, нема да брани младиот голман Јастржебски, а во составот не се повредениот Самоило, како и средниот бек Герго Фазекаш и левото крило Пжемислав Крајевски.
Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 20:45 часот.