Десното крило на хрватската репрезентација Марио Шоштариќ ќе остане во ПИК Сегед најмалку до 2028 година.
Шоштариќ имаше договор со унгарскиот вицепрвак до крајот на оваа сезона, а тој сега е продолжен за уште три сезони.
Десното крило дојде во Сегед во 2016 година од Горење Велење. Освои три титули во унгарскиот шампионат 2019, 2021 и 2022, како и еден трофеј во Купот.
Шоштариќ е еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите, а оваа сезона даде 32 гола по четири кола.