ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Jaгуриновски на мегдан на Мелсунген

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат вториот натпревар од Лигата на Европа на гостувањето кај Мелсунген.

Тренерот Владо Недановски нема да смета на повредените Пинто, Горига, Јагуриновски и Ќосевски, а надвор од комбинација останаа Богдановски, Стаменковик и Марио Стојановски.

Роберто Гарсија Парондо нема да смета на Арон Менсинг и Тимо Кастенинг за денешната пресметка со неговиот поранешен клуб.

Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра вечерва во Касел со почеток во 18:45 часот.