🎥 Генијалниот „сув лист“ на Ристовска во ТОП 5 голови на колото во ЛШ

Македонската репрезентативка Сара Ристовска игра во одлична форма на стартот на сезоната во романскиот Рапид Букурешт.

Таа постигна три гола на гостувањето кај данскиот Оденсе, каде што Рапид беше поразен со 32-24.

Еден од погодоците на македонското десно крило влезе во ТОП 5 изборот на голови на колото во Лигата на шампионите.

Покрај Ристовска, во изборот на медиа тимот на ЕХФ, се најдоа и погодоците на Робертс од Вајперс, Нестакер од Лудвигсбург, Обаидли од Никобинг и Мелер од Есбјерг.

Погледнете…