Екипата на Раховец, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, продолжува во победнички ритам во домашниот шампионат.
Раховец во 5. коло од најквалитетното натпреварување на Косово за ривал ја имаше Трепча и без многу проблеми дојде до убедлив триумф од 40:23.
Во листата на стрелците во победничката екипа се запиша и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, кој постигна три гола и одигра на висина на задачата во одбраната.
Раховец е лидер во косовскиот шампионат, на свое конто има 10 бода, 2 повеќе од најтрофејниот тамошен клуб Беса Фамгас.
Следен предизвик за Раховец ќе биде натпреварот против Вјоша, тим во кој што настапуваат неколку наши интернационалци.