Македонскиот вицепрвак Вардар утре во Германија ќе го одигра вториот натпревар од Лигата на Европа.
Втор ривал на избраниците на Владо Недановски ќе биде Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Вардарци веќе пристигнаа во Германија, го одработија првиот тренинг пред утрешниот натпревар и се запознаа со салата каде што ќе игра натпреварот.
Мелсунген, исто како и Вардар, имаше победнички старт во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Бундеслигашот славеше над Порто со 29:24, додека македонскиот тим беше убедлив против Валур, триумфираше со 33:26.
Утрешниот натпревар меѓу Мелсунген и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:45 часот во „Ротенбах Хале“ во Касел.