Нилсен одбил да биде најплатениот во Барса, се сели во Веспрем?

Веќе извесен период се шпекулира дека репрезентативецот на Данска, Емил Нилсен, ќе си замине од Барселона по завршувањето на договорот и ќе се пресели во редовите на унгарскиот гигант Веспрем.

Според пишувањата на „Радио Каталуња“, раководството на Барселона му понудило нов договор на Данецот, но Нилсен не прифатил, иако од новиот договор може многу да заработи, бидејќи понудата за продолжување на соработката била еднаква како она на Дика Мем, кој е најплатениот играч во Барса.

Менаџерот на Емил Нилсен, Расмус Скрум, ги демантираше шпекулациите за неговата можна преселба во Веспрем.

,,Емил сè уште не склучил никаков договор со никого. „Немам коментари за останатото “, рече Расмус Скрум.

Нилсен со Барселона има активен договор до летото, 2026 година, неговиот сегашен колега Гонзало Перез де Варгас следното лето ќе го напушти каталонскиот гигант и ќе го засили бундеслигашот Кил, па така Барселона брзо реагираше и замена за Гонзало Перес е Варгас ќе биде актуелниот голман на Висла Плоцк, Виктор Халгримсон.