Ривалот на Охрид во Европскиот Куп го доживеа првиот сезонски пораз

Екипата на Потаиса Турда, која е ривал на Охрид во втората рунда од Европскиот Куп, во натпревар од 7. коло во романскиот шампионат го доживеа првиот сезонски пораз.

Потаиса Турда на свој терен загуби од Бузау со 33:31, но и покрај поразот, ривалот на Охрид останува на 2. позиција на табелата.

На првите шест натпревари Потаиса Турда славеше над Одорхеи, Стеуа Букурешт, ЧСМ Букурешт, Фагарас, Васлиу и Сучеава.

Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда е закажан за 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

Реваншот ќе се игра во Романија на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе биде познато дали „гладијаторите“ ќе продолжат во следната рунда.

Охрид се враќа на европска сцена – популарна цена на билетите за Потаиса Турда