Гол-шоу на Митевски, неготинци го наполнија голот на Преспа Вардар

Ракометарите на Вардар Неготино ја запишаа втората победа во прволигашката конкуренција, откако на домашен терен славеа против Преспа Вардар со 40-29.

Предводник на неготинскиот тим беше Мирослав Митевски кој имаше свое гол-шоу и со 12 погодоци беше најдобар стрелец кај победникот.

Осум гола за неготинци даде Наќе Ѓорѓев, додека 11 пати погоди и Александар Филиповски од редовите на Преспа Вардар.

Домашните поведоа со 8-0, беше и 12-1, па јасно беше како тек ќе има овој натпревар кој мина само во броење на погодоците.

Двајцата најдобри стрелци од двата тима, добија црвени картони на четири секунди до крајот на мечот поради мало кошкање, но тоа немаше никакво влијание на резултатот.