Ракометарките на Металург Автокоманда ќе имаат напорна програма во Женската лига за време на празничниот викенд.
Тие ќе ги одиграат двата заостанати натпревари од 4 и 5 коло, како и натпреварот од редовното 6 коло во три дена.
Најпрво, утре во 13:00 часот во Автокоманда ќе гостува Овче Поле СУ, додека в сабота на програмата на истото место е дуелот со Пелистер од 16:30 часот.
В недела, пак, од 14:00 часот, ќе биде одигран натпреварот против Куманово, кој минатата сезона го запре Металург Автокоманда на патот до Ф4 во Купот на Макеоднија.
Металург Автокоманда има два заостанати меча од Женската лига поради настапите во Европскиот Куп, каде беше елиминиран од турскиот Гореле.