Екипата на ПСЖ ја запиша третата победа во Лигата на шампионите, откако славеше на домашен терен против данската Фредериција со убедливи 38-30.
За тоа се погрижија левиот бек Елохим Пранди, кој даде девет и пикерот Камил Шипжак, кој даде осум погодоци.
Иако данскиот состав по негативата од пет гола во првиот дел се врати во еден момент во егал, 11-11, сепак на пауза избраниците на Раул Гонзалез заминаа со водство, 18-15.
Во вториот дел беше 24-22, но домашниот тим умешно го контролираше резултатот и само ја зголемуваше разликата во своја корист.
Бисгард даде седум гола за Фредериција, додека Андерсен имаше пет реализации.