Тимот на Вардар имаше успешен старт на европската авантура со победа против исландскиот Валур, 33-26.
„Црвено-црните“ комплетно го надиграа противникот, особено во првото полувреме, а во вториот дел играа рутински и не му дозволија на ривалот да се врати во игра.
Потегот на мечот е цепелинот во режија на Петриќ, Николиќ, Маргели…а реализатор беше Гоце Георгиевски.
Ова потсети на времињата кога Вардар ги победуваше и најсилните европски екипи во СЦ „Јане Сандански“.
Погледнете…