Ѓорче Петров загуби кај Хорс

Македонскиот шампион Ѓорче Петров доживеа пораз на првиот натпревар од Хорс, загуби со 29:21 во второто коло од Лигата на Европа и на реванш натпреварот, кој ќе биде одигран во Скопје, доколку посакува следно коло, ќе мора да ја надомести негативата од осум гола.

Првите петнаесетина минути минаа изедначено, со осилации во играта кај двата табора. Кон средината на првиот дел резултатот беше 7:7, а домаќинките со серија од 4:0 дојдоа до 11:7 во 20 минута. Ѓорчепетровки не дозволуваа ривалот да изгради повисока предност, се разбрани Габина, па така „лавиците“ си три гола во низа дојдоа до минус еден, 11:10.

До крајот на полувремето домашниот тим беше подобар ривал, не му дозволи на Ѓорче Петров да направи целосен камбек, казни дел од нивните грешки и на пауза замина со резултатска предност од плус три, 14:11. Во првите 30 минути, искусната Габина имаше девет интервенции, а на спротивната страна Хултберг три помалку, односно шест.

Домаќинките го отворија вториот дел, поведоа со 15:11, а македонскиот тим рвиот гол во второто полувреме го постигна во 35 минута преку Муратовиќ за минус три, 15:12. Хорс до 55 минута водеше со два до шест гола разлика, имаше контрола на играта, знаеше како да дојде до реализација, па така тимот на Симовски ќе треба да се покаже во многу подобро светло на реваншот за една недела.

Лима Габина беше одлична на голот на Ѓорче Петров, натпреварот го заврши со дури 16 интервенции. Есма Муратовиќ со осум погодоци го предводеше нападот на македонскиот шампион, пет постигна Ивана Дежиќ.

Реванш дуелот меѓу македонскиот шампион и Хорс ќе се одигра на 13 октомври во  СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18:00 часот.