ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорчепетровки од Шведска ја започнуваат европската авантура

Македонскиот шампион Ѓорче Петров денеска во Шведска ќе ја започне авантурата на европска сцена.

Избраничките на Симе Симовски во втората рунда од Лигата на Европа за ривал го имаат шведскиот Хорс.

Доколку „лавиците“ успеат да го елиминираат Хорс, тогаш за пласман во групната рунда ќе се борат со Париз.

Денешниот натпревар меѓу македонскиот претставник и Хорс ќе се одигра со почеток од 16:00 часот, додека реваншот една недела подоцна, односно на 13 октомври во Скопје.

На денешната програма во Македонија ќе се одиграат натпревари од Супер и Првата лига, а ќе има и три дуели во Женската лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ФЕРИЗАЈ – ВАЉАДОЛИД (ЕВРОПСКИ КУП)
13:00 ШАМПИОН – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
13:30 ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
14:00 EСБЈЕРГ – РАПИД (ЛШ)
15:00 ЈЕХОНА – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЕРЛАНГЕН – ПОТСДАМ (БУНДЕС)
15:30 МОРНАР – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)
16:00 ХОРС – ОРЧЕ ПЕТРОВ (ЛЕ)
16:00 БУДУЌНОСТ – ЃЕР (ЛШ)
16:00 ЧСМ – НИКОБИНГ (ЛШ)
16:30 ЛЕМГО – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
16:30 ВЕЦЛАР – ФУКСЕ (БУНДЕС)
17:00 МЛАДОСТ – ПАРТИЗАН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЦЕЛЈЕ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
18:00 БУТЕЛ – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 AЕРОДРОМ – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕГЕР – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
18:00 ГУМЕРЗБАХ – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
18:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)