Вториот претставник на Македонија во Европскиот Куп, Чаир, во првиот натпревар од втората рунда против Керженг триумфираше со 26:24.
Иако победата е минимална, сепак, овие два гола предност можат да значат многу, бидејќи Чаир реваншот ќе го игра пред својата публика.
Тренерот на Чаир, Басри Љатифи, ги истакна своите импресии по победничкиот старт на европска сцена.
,,Очекувавме малку полесна игра, но испадна дека доколку ги потцениш, ривалот ќе игра уште повеќе, мислам дека од готово направивме вересија, но резултатот оди во наша корист и останува дома да го завериме пласманот во третото коло од Европскиот Куп. Керженг не треба да се потцени, имаат неколку искусни ракометарки и поранешни репрезентативки на Франција, мислам дека успешно на крај го одигравме натпреварот и заслужено победивме”, изјави Љатифи.
Реванш дуелот меѓу Чаир и Керженг се игра на 13 октомври во спортската сал во Автокоманда со почеток во 19:00 часот, па за очекување е чаирчанки со помош да публиката да дојдат до втор сезонски триумф на европска сцена.
Чаир слави во Луксембург, се смешка трето коло во Европскиот Куп