Некогаш најголемата надеж на Романија, Елиза Бучески, реши да се повлече од репрезентативниот дрес на нејзината татковина.
Нејзиното предвремено повлекување од репрезентацијата ќе биде голем удар за Романија, бидејќи претходно Кристина Неагу и Крина Пинтеа се пензионираа.
Искусната ракометарка моментално настапува во Рапид Букурешт, клуб во кој игра македонската репрезентативка Сара Ристовска.
31-годишната Бучески за сениорската репрезентација на Романија настапуваше од 2011 година, а најголемиот успех на репрезентативно ниво го оствари во 2015.
На Светското првенство во Данска (2015), репрезентацијата на Романија стигна до бронзата, додека голема заслуга за утешното трето место имаше и Бучески.