„Бисинов има искусни играчи, но и млади кои сакаат да се докажат – одиме на победа за шест од шест“

Ракометарите на Охрид се една од двете непоразени екипи во Супер лигата во новата сезона, откако запишаа пет победи на пет меча.

Избраниците на Стевче Алушовски беа убедливи во езерскиот двобој против Струга, а сега ги чека дуел со новиот суперлигаш Бисинов.

Десното крило Наум Костов, вели дека велешани ќе дојдат во Охрид растоварени од притисок.

„Нормално дека ќе одиме на победа на домашен терен. Сепак сметам дека не смееме да го потцениме Бисинов, бидејќи има искусни ракометари кои играат долго време во Супер лигата, но и доста млади кои сакаат да се докажуваат. Затоа мислам дека можат да пружат отпор, но во Охрид мора да ги победиме, да докажеме зошто сме без пораз досега сезона и да продолжиме со победничкото темпо. Немаат што да загубат и ќе дојдат да играат добар ракомет“, изјави Костов.

Десниот бек Никола Шипинкоски, смета дека гостинската екипа не смее да се потцени.

„Никако нема да го потцениме новиот суперлигаш Бисинов, кој има и искусни играчи. е влеземе максимално сконцентрирани на овој натпревар, иако немаме многу време за спремање по дуелот во Струга. Иако не е многу познат тимот, има играчи кои ни се познати и кои долго време играат во елитната конкуренција. Се надеваме на победа за шест од шест“, изјави Шипинкоски.

Натпреварот меѓу Охрид и Бисинов се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ в сабота со почеток во 18:30 часот.