Ракометарите на Вардар во вторник го стартуваат настапот во новата сезона од групната фаза од Лигата на Европа.
Прв ривал на „црвено-црните“ ќе биде исландскиот тим Валур, а веќе се пуштени билетите во продажба.
Цените на билетите за горните блокови се 300 денари, додека оние билети за долните блокови чинат 400 денари, а сите детали може да ги најдете ТУКА.
Натпреварот меѓу Вардар и Валур ќе се игра во вторник, на 8 октомври со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.