Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Фуксе Берлин, сезоната ќе ја продолжи без Пол Друкс.
Друкс поради повреда, која ја добил на еден од тренинзите во минатата недела, бил приморан да стави крај на кариерата.
Ова значи дека Фуксе Берлин го загуби својот дефанзивен играч во изминатите 13 години, бидејќи Друкс беше бедем во одбраната на “лисиците”.
29-годишниот ракометар најголемиот дел од својата кариера го мина во Фуксе Берлин, а на репрезентативно ниво настапи на неколку големи натпреварувања.
Освен за Фуксе Берлин, на почетокот на неговата кариера го носеше дресот на Гумерзбах.