Европскиот и олимписки шампион доби нов селектор!

Норвешката федерација денеска го промовираше наследниот на Торир Хергеирсон на кормилото на женската репрезентација.

Тоа ќе биде 56-годишниот стратег Оле Густав Гјекстад, актуелниот тренер на данскиот Оденсе, кој потпиша договор до јуни 2029 година.

Гјекстад досега има работено само на клупски план и сега ќе има голем предизвик да го наследи Хергеирсон на клупата на актуелниот европски и олимписки првак, односно светски вицепрвак.

Норвежанецот пред Оденсе ги водеше Ларвик на два пати, машкиот тим на Драмен, како и Вајперс Кристијансанд, од 2018 до 2023, а со овој клуб три пати ја освои титулата во Лигата на шампионите.