Костоски: Домашниот терен ќе биде наша предност против Охрид

Утре ќе започнат натпреварите од 5. коло од суперлигашкото друштво. Екипата на Струга, која во 3. коло изненадувачки триумфираше над Пролет, потоа убедливо загуби од Куманово, на свој терен ќе го пречека Охрид.

Езерскиот двобој секогаш бил интересен за гледање, без разлика која екипа со каков ростер располага. Стружани секогаш биле „тврд орев“ за „гладијаторите“,, парирале колку што можат и давале се од себе за добро да се претстават.

Охрид на утрешниот натпревар ќе ја има фаворитската улога, но од таборот на Струга ветуваат голема борба за секоја топка. Левото крило на Струга, Ненад Костоски ги истакна своите очекувања за натпреварот со Охрид.

,,Во оваа сезона Струга настапува со подмладен ростер, па затоа фаворитската улога на утрешниот дуел му ја препуштаме на Охрид. Нашата најголема предност е тоа што ќе играме на домашен терен и ќе имаме голема поддршка од навивачката група „Паткари“ и струшката публика, затоа ги повикувам сите симпатзери на клубот да дојдат во што поголем број и да бидат нашиот осми играч. Ние ќе треба да го одиграме она што е претходно договорено, да одиграме тимски, со мал број технички грешки и се надевам дека ќе има интересен и неизвесен натпревар”, изјави Костоски.

Натпреварот меѓу Струга и Охрид ќе се одигра со почеток од 16:30 часот во спортската сала Тими.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186