Андоновски и Aтанасовски со Раховец имаат перфектен старт – три победи на три меча

Актуелниот првак на Косово, Раховец, на клупата со македонскиот стратег Горан Андоновски, има перфектен стартот на новата сезона.

Раховец ја забележа третата победа во третиот натпревар оваа сезона, која започна и со трофеј во Супер Купот.

Последна „жртва“ на тимот на Андоновски беше составот на Приштина, кој беше совладан со 48-25 на домашен терен.

Во тимот на Раховец играат екс ракометарите на Вардар, Стефан Атанасовски и Виктор Гарсија Алонсо.

Кружниот напаѓач постигна три погодоци на последниот натпревар против Приштина.