Македонскиот лев бек Дејан Кукуловски ја започна новата етапа во кариерата со некогашниот европски шампион Металопластика Шабац.
Ресенчанецот по две сезони во Охрид, одново се реши за предизвик надвор од Македонија и ќе игра во тимот предводен од Давид Рашиќ.
Тој ги започна подготовките за новата сезона со новата екипа, а таму ќе игра заедно со кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ, кој долги години ги бранеше боите на Бутел.
Металопластика минатата сезона не успеа да стигне до ТОП 4, но за претстојната има големи амбиции и посакува пласман во плеј-офот.
Кукуловски освен за Охрид, претходно играше и за Вардар, Вардар Јуниор, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 во Македонија, како и за чешкиот Брно.

























