Кадетите веќе немаат право на грешка – Италија стои на патот на Македонија

По натпреварите со Словенија, Франција и Шведска, машката кадетска репрезентација на Македонија ќе го почне разигрувањето за пласман на Европското првенство во Србија, кое носи место на СП 2027, но и на младинското ЕП 2028.

Следуваат битки против Италија и Турција, а со две победи, доколку и Шведска слави над истите ривали, Македонија ќе биде втора во групата.

Ако биде најдобра втора од трите групи кои разигруваат за пласман, тогаш Македонија ќе обезбеди место на младинското ЕП 2028, а ќе биде во игра и за СП 2027.

Во моментов на табелата во групата 1, Италија и Шведска имаат по два бода, додека Македонија и Турција се без бодови.

Мечот меѓу Македонија и Италија се игра денеска со почеток од 14:30 часот во салата „Пионир“.