Вардар го доби „македонското дерби“- падна Еурофарм Пелистер

Вардар одигра на ниво, со постојано водство, мотивиран и со со една мисла – победа, и на крај триумфираше со 27-24 (15-11) во македонското дерби против Еурофарм Пелистер пред речиси полната сала во „СЦ „Јане Сандански“. За Вардар ова се бодови за враќање во врвот на табелата, а Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз сезонава.

Двата тима и тренери мораа да го добијат овој меч, и да се рефабилитираат за претхорните загубени средби. Притисокот што го имаа врз себе мораа да го преточат во позитивен набој за да можат да триумфираат. „Јане Сандански“ретко се полни, но овојпат имаа услови за вистинско дерби. навивачи од двете страни, публика желна да гледа ракомет и два тима кои се борат до крај.

Еурофарм Пелистер последен пат победил во Скопје во март 2022 година кога славеше со 24-23. Оттогаш сите дерби дуели ги добиле „црвено-црните“ во својата сала.

Одлични први 30 минути одигра Вардар во кои цлеосно го надигра својор ривал, од самиот почеток поведе и неколкупати имаше и предност од „плус 5“.
Патувањето со автобус на Еурофарм Пелистер од Букурешт до Скопје и само еден ден одмор пред дербито беше видливо во играта на битолчани. Без вообичаениот жар во играта, без брзата игра, контрите, и многу проблеми во одбраната.

Ашраф Маргели на десен бек имаше свои почетни минути со неколку проектили, а сигурно беа вардарци и преку своите крила, Срдановиќ и Георгиевски. Делуваше Вардар подготвено, и физички и мотивиран за ваков дуел, со цврста одбрана и напад кој бараше шанса и знаеше д аја искористи.
Вардар го имаше расположениот Еспиња меѓу стативите кој само во првиот дел одбрани девте топки, трипати повеќе од колегите од другата страна. Тоа како да беше и мотив за соиграчите кои играа како по ноти, со малку грешки и голема реализација.

Наместо да ја одржат предноста, па и да ја зголемат Вардар падна во ритамот. и за 14 минути петте гола предност ги стопи на само една гол. Еурофарм Пелистер во 44 минута намали на 20-19 навестувајќи дека и покрај се, нема лесно да се предадат. Никола Митревски имаше три одбрани, а Еспиња само една, Вардар повеќе грешеше, а Еурофарм Пелистер полека ја топеше предноста.

Резултатската клацкална сега зависеше од смиреноста на играчите. Битолчани добија мотив бидејќи се вратија во игра, а Вардар мораше да бара начин како повторно да „избега“.
Вуко Борозан за една минута двапати беше во главна улога. Прво изнуди пробивање од противничкиот играч, а потоа во напад направи одличен блок после кој Јагуриновски реализираше за 24-21 во 52 минута од мечот.

Потоа Георгиевски зголеми на 25-21, но при резултат 25-22, Богдан Радивојевиќ не реализираше пенал, по што Вардарз големи на 26-22. Откако И Васил Гогов одбрани еден веќе се најавуваше триумфот на „црвено-црните“, на четири минути до крај на средбата,

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ОХРИД44008
2АЛКАЛОИД44008
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР43016
4ВАРДАР 196143016
5ПРОЛЕТ41214
6ТИКВЕШ 201441123
7ПРИЛЕП41123
8БУТЕЛ31022
9КУМАНОВО41032
10СТРУГА41032
11БИСИНОВ Ф. Л.41032
12РАДОВИШ30030

 

📷 Вардар царува во својата тврдина, шампионот ќе бара бодови на друго место

Борозан: Сакаме титула за Македонија да има вистински претставник во ЛШ

Недановски: Оваа победа ќе биде пресвртница за Вардар во сезоната!

Срдановиќ: Најважната цел ја остваривме – а таа беше да победиме!